Мадрид и Баку ќе се борат за домаќинство на финалето на ЛШ во 2027 година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мадрид или Баку ќе бидат домаќини на финалето на Лигата на шампионите во 2027. Откако УЕФА му го одзеде на Милано, бидејќи немаше гаранции дека големата реконструкција на Сан Сиро ќе биде навреме завршена, се бараше нов домаќин на финалето, а изборот се сведе на два стадиона.

Шпанската ФА го понуди стадионот „Метрополитано“ каде што игра Атлетико Мадрид, и кој беше организитор на финалето во 2019 година, кога Ливерпул го победи Тотенхем. Азербејџан, пак, никогаш не бил домаќин на финале во ЛШ, а во 2021 година беше еден од домаќините на тогашното Европско првенство.

Баку беше домаќин на финалето во Лгиата на Европа во 2019 година кога Челси го победи Арсенал.

УЕФА ќе го објави домаќинот во мај идната година.

Во 2025 година финалето ќе се игра во Минхен на Алијанц Арената, а во 2026 година во Будимпешта.