Маестро Џамбазов се сеќава на земјотресот: Божјо чудо е што Игор остана жив!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Композиторот Александар Џамбазов, се сеќава на земјотресот во 1963 година. Тој за ТВ21 говореше за миговите кога се случил страшниот потрес, и вели дека е вистинско чудо што Игор останал жив, кој тогаш имал само 11 дена.

Џамбазов кажа дека Игор како да пречувствувал, па почнал да плаче порано од вообичаеното, па неговата сопруга Анче го земала во својот кревет, и тоа го спасило.

„Јас лежев на еден кревет, на друг Анче, а меѓу нас Игор. И тој почна да плаче нешто порано. Анче го зема кај него во кревет, и почна да тресе, и почнаа да паѓаат од горе работи. Да не го земеше предвреме Игор, немаше да биде жив“, рече Џамбазов.