Уапсена е една скопјанка која своите малолетни деца ги терала на питаат на улица. Во полицискиот извештај се вели дека истиот ден на булеварот Србија и јане Сандански, две деца биле видени како питаат. Ова е само еден од случаите кога постапила полицијата за спречување на овој тип злоупотреба на децата. Секој ден, во секој град низ Македонија. Можат да се видат деца кои бараат пари на улица. Претседателот на НВО Градиме иднина, Илија Јовановиќ вели дека зад овој феномен се крие организиран криминал од страна на мафијаши.
Во последно време зголемен е бројот на малолетни деца кои питаат. Јовановиќ вели дека голем број од нив користат и наркотични средства а некои од нив починале.
Од МТСП побаравме одговор за бројот на деца кои питаат на улица.
„Преку теренската работа на центрите за социјална работа и на мобилните тимови, детектирани се околу 70 деца на улица, во главниот град и во останатите градови. Најголем дел се по улиците на Скопје. Тимови вршат теренски активности на веќе мапирани критички локации на територија на град Скопје, а во насока на сузбивање на појавата „деца на улица“ со превентивни и едукативни активности“, велат од МТСП.
Од ова министерство информираат дека во Скопје има 2 центри за престој на децата од улица, во Кисела Вода и Шуто Оризаре, двата со капацитет за прифаќање на 70 деца.
