„Маглата“ виновна за аерозагадувањето?! Шилегов: Ве молиме за коректност кога зборувате за квалитетот на воздухот

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Скопје се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот. Главниот град е рамо до рамо со градовите во Индија, Пакистан, Индонезија и Кина. Според првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, маглата е виновна за аерозагадувањето. Тој додава дека движењето на воздухот се намалува од маглата, па поради тоа ПМ10 честичките го надминуваат дозволеното ниво.

Од севкупните податоци на Министерството за животна средина, може да се каже дека низ годините има постепено намалување на загадувањето, но сепак, потребно е да продолжат напорите, бидејќи секој чекор кој се презема ја подобрува состојбата, вели ресорниот министер, Насер Нуредини.

-Тоа е причината поради која предложивме законски измени поврзани со животната средина и квалитетот на воздухот. Предлагаме општините и градовите да имаат планови за преземање акции во однос на аерозагадувањето, а ако не го направат тоа, Владата, преку законот ќе има право да се вмеша и да преземе мерки, можеби да го измени сообраќајот, можеби работното време, дури и во соработка со индустриите да го намали работното време-рече Нуредини.

Резултатите од мерењата кои постојано ги прави Министерството за животна средина, покажуваат дека начинот на греење на домаќинствата, но и на институциите со дрво и мазут, е најголемиот загадувач на воздухот. На второ место се возилата, а на трето – индустријата-