Мајка чија ќерка била на списокот на ученикот: „Не лажете, тој ми беше дома, беше сакан и родителите разговараа со него“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓу стотиците луѓе кои се собраа пред основното училиште Владислав Рибникар во Белград, имаше и мајка на девојче кое беше на списокот на 13-годишниот Коста, кој вчера со пиштол уби осум ученици и вработен во обезбедувањето.

Вознемирана на школската ограда покрај написот „разговарајте со своите деца“, почна да вика на целиот глас:

„Ми беше дома, дајте не лажете! Разговараа родителите! Родителите разговараа со него! Немојте да лажете. Не беше злоставуван, беше сакан. Имаше девојка која беше вљубена во него“, викала жената.

Појасни како нејзината ќерка била во платонска врска со момчето и дека ги познавала и родителите. Рече дека се вознемири од пишувањата дека родителите не разговарале со детето.

„Платонски се дружеа два месеци. Доаѓаше кај нас, ја 200 пати влегувам во соба, и ги слушам дека убаво си разговараа“, рече Татјана Саваресе.