Родителите често не ја разбираат „лудоста“ по видео-игри, односно оние кои собираат колекција која вреди огромни пари. Тие мораат подобро да внимаваат на својата колекција, и да не оставаат никогаш родителите да имаат пристап до неа.
Тоа на тежок начин го научил еден колекционер на видео-игри во Њујорк. Тој својата вредна колекција составена од ретро видео-игри ја чувал во куќата на неговите родители, а неодамна доживеал шок кога дознал дека неговата мајка добар дел од колекцијата фрлила во ѓубре.
Неговата мајка воопшто не била свесна за што санува збор. Едноставно сакала да ја исчисти куќата, а притоа фрлила колекција која вредела 500 илјади долари.
Колекционерот навел дека останал без еден куп видео-игри за Плејстејншн 1, а голем дел од нив никогаш не била отворена.
Можеби оваа цифра изгледа лудо, но и тоа не е некоја сума ако се земе во предвид дека колекцијата содржела ретки видео игри, кои чинат по неколку десетици илјади долари.