Мајка со две деца може да остане на улица – бара помош за да им обезбеди кров над глава

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Алиштата им се речиси подготвени….
Го чекаат моментот кога ќе си заминат, но не знаат каде…
Има две деца. Помалото има само 9 месеци.
Мајката Неале стравува дека во овие зимски студени денови, ќе остане на улица.
За нејзината мака да биде уште поголема, веќе два месеца нејзиниот сопруг е во затвор, со кој како што вели, нема никаков контакт.  Роднините на нејзиниот маж и рекле дека повеќе не може да претстојува тука.

„Порано живеев под кирија во Железара. Киријата беше 150 евра, но на крајот од месецот моравме да плаќаме 200 заедно со сметките за струја, но не можевме да го платиме износот… Потоа дојдовме тука. Тука сме на кратко, но дојде време и од тука да си заминеме…“, вели Неале Асани.

Неале вели дека децата ѝ се разболуваат поради ладното време…
Кујната е сместена во оваа импровизирана соба, во која се труди да им зготви јадење на двете деца.

„Децата се добро, но поради ладното се разболуваат. Бараат храна и топла облека, но што да правам… Каде да одам? Не работам, само социјална помош земам 5.000 денари. Немам каде да одам, што да правам, децата бараат, но немам што да правам…“, вели Неале Асани.

Неале вели дека освен 5.000 денари, не добива никаква друга помош. Со овие пари не може да ги покрие трошоците околу децата.  Оваа мајка бара помош од хуманите луѓе да добие кров над глава за своите деца, за да не талка по улиците на овие минусни температури.

Број на семејството:  070-231-694