Во судот во Белград денеска мајката на детето К. Кецмановиќ, кој во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет деца и чуварот на училишитето, ја изнесе одбраната и ги отфрли сите обвинувања.
Милјана Кецмановиќ ја изнела детално одбраната, и одговараше на прашањата од Обвинителството и одбраната.
Таа, како и нејзиниот сопруг Владимир Кецмановиќ, рече дека нема да одговара на прашањата на полномошниците од оштетените, туку само на прашања директно поставени од оштетените.
