Мајката на Мицкоски позитивна на Ковид-19, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека немал контакт со неа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека неговата мајка е позитивна на вирусот Ковид-19, и дека тој немал контакт со неа подолго време.

– Излезе таква информација, да точно е. Мајка ми е позитивна, веќе неколку дена. Ние се немаме видено, направено е епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и сѐ веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам така што да за жал точно е. Веќе неколку дена е во домашни услови и посакувам добро здравје. За жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине – изјави Мицкоски.