Мајмунски сипаници ѝ се приближуваат на Северна Македонија – Елези: Нема место за паника, не се смртоносни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мајмунските сипаници се уште еден вирус кој се шири низ светот. Во Македонија се уште нема заразени, но има сомнежи за еден случај во Грција. СЗО идентификувала околу 80 случаи со оваа зараза на глобално ниво и околу 50 други сомнителни случаи. Треска, болка во коските, во мускулите, грбот, лимфни јазли и замор се некои од раните симптоми на мајмунските сипаници. Епидемиологот некогашен член на КЗБ, Невзат Елези вели дека нема место за паника.

„Тоа што го загрижува населението се промените на кожата, кои се нарекуваат кожна треска во форма и изглед на мозолчиња, особено на рацете, и создава паника кај населението. Нема ништо загрижувачко, бидејќи не се шири преку воздух“, посочи Невзат Елези.

Лекарот Невзат вели дека ова е сезонска болест карактеристична за пролет и лето. Полесно се инфицираат лицата со нарушен имунитет, а смртноста е многу мала.

„Оваа болест се пренесува преку контакт, кај болниот има симптоми на кожата и затоа не се пренесува масивно. Нема тешки последици и не се смета за смртоносна болест“, вели Невзат Елези.

Од ИЈЗ ни рекоа дека до сега нема ниту еден сомнителен случај со овој вирус во земјава и дека ја следат состојбата. Научниците веруваат дека ширењето на болеста нема да биде со епидемиолошки размери како короната, бидејќи не се пренесува така лесно како САРС Ков 2.