Во Сината зона на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени COP31, која се одржува во Анталија, се одржа и специјален меѓународен настан на тема „Патеки кон праведна енергетска транзиција во Западен Балкан и Турција“. Дискусијата ја модерираше Агим Селами, гостин-истражувач во Центарот за политики „Меркатор – Истанбул“ и претседател на Mакедонскиот енергетски форум (МЕФ).
На дијалогот учествуваа високи владини претставници и експерти за климатски политики, кои разговараа за националните климатски политики, социјалните и институционалните аспекти на праведната енергетска транзиција, цената на јаглеродот, механизмот CBAM, климатското финансирање и регионалната соработка.
Меѓу учесниците беа заменик-министерката за животна средина, урбанизација и климатски промени на Турција, Фатма Варанк, министерот за животна средина и просторно планирање на Македонија, Муамет Хоџа, министерката за животна средина и просторно планирање на Косово, Фиторе Пацоли Далипи, како и експерти за климатски политики.
За време на престојот и на маргините на COP31, претседателот на МЕФ, Селами оствари и средби со министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени на Турција и претседател на COP31, Мурат Курум, градоначалникот на Лондон, Садик Кан, како и со заменик-министерката Фатма Варанк.
Тој разговараше и со други високи меѓународни претставници и раководители, а беше поканет и присуствуваше на министерската вечера организирана од претседателот на COP31, Мурат Курум.
