Македонија има 6,9 тони злато: Вредноста е 800 милиони евра, НБРМ вели дека е во Лондон на безбедно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Народната банка ја потврдува безбедноста на златните резерви на државата, кои се чуваат во Банката на Англија во Лондон.

За време на директна инспекција, гувернерот Трајко Славески и неговиот тим извршиле проверка на 6,9 тони злато, со пазарна вредност од околу 800 милиони евра, и утврдија дека шипките се согласно меѓународните стандарди и се совпаѓаат со сериските броеви.

Според НБ, златото е во алоцирана форма и ги исполнува стандардите на лондонскиот пазар на злато, што значи дека содржи најмалку 99,5% чисто злато.

Инаку, одлуката златото да се чува во Банката на Англија е донесена во 2010 година, имајќи ја предвид безбедноста и флексибилноста што ја нуди инфраструктурата на централната банка, како и пристапот до лондонскиот пазар – најголемиот пазар на злато во светот.