Македонија има шанса за медал на ОИ: Дејан Георгиевски се пласираше во полуфиналето во таеквондо турнирот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот натпреварувач во таеквондо Дејан Георгиевски, се пласираше во полуфиналето на турнирот во категоријата над 87 килограми.

Најпрво Георгиевски го совлада светскиот првак Рафаел Алба од Куба со 11:8, а во четвртфиналето беше подобар со Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска со 9:4.

Сега во полуфиналето против Ин од Јужна Кореја ќе се бори за пласман во финалето. Ако победи, ќе освои најмалку средбро, со можност да оди и на златен медал.

Дуелот е закажан за 9:45 часот.