Македонија ја презема истрагата за летот на „Рајанер“ кој се врати во Солун и на кој патник за малку ќе излеташе од авионот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија ќе биде надлежна да ја води истрагата во врска со инцидентот на авионот на „Рајанер“, кој леташе од Солун до Меминген (Германија), но откако влезе во македонскиот воздушен простор, се врати на аеродромот во вториот по големина грчки град.

Еден патник беше во животна опасност откако бил вшмукан по скршеното стакло. Патникот бил српски државјанин, а вистинска драма се случувала бидејќи неговата сопруга наводно го држела за нозете да не излета од авионот.

Македонија е задолжена да ја води истрагата, бидејќи инцидентот се случил на нејзина територија согласно ИКАО-правилата, иако авионот тргнал од Грција и завршил повторно во Грција.

Потврдата за такво нешто, српскиот медиум ја ноаѓа во објавата на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) на САД – независна федерална агенција надлежна за истраги во цивилни транспортни несреќи.