Македонија е во финалето на баражот за пласман на Светското првенство! Вечерва во Палермо се случи светско чудо. Европскиот првак е во аут, нема да учествува на Мундијалот во Катар.
Иако во текот на целиот натпревар имаа иницијатива, шанси, корнери, Македонија во 92. минута едноставно ги шокираше „азурите“ за голема победа над европскиот првак.
Македонија одлично се бранеше, а во финишот Трајковски со еден удар од дваесетина метри го матираше Донарума.
Претходно шанси имаа Берарди, Имобиле и другите италијански фудбалери, меѓутоа одбраната беше супер, и секако Димитриевски на голот. Италија не успеа да реализира, и брутално беше казнета.
Сега Македонија ќе игра во Порто против Португалија и ќе се бори за пласман на Мундијалот во Катар. Докажаа овие фудбалери дека можат, сега само да го потврдат квалитетот.
Голот вреден голема победа на следниот ЛИНК
