Македонија нема да испраќа трупи во Украина, Петровска: Ги разгледуваме можностите за бегалци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Македонија ќе и испрати на Украина воена опрема и оружје но не и војници, објасни министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Додаде дека одлука за испраќање наши трупи во Украина нема и нема да има, а Македонија ќе ги почитува и спроведува сите одлуки донесени од НАТО.

Северна Македонија според своите капацитети ќе прифати и бегалци од Украина, рече Петровска. Таа изјави дека во моментов се разгледуваат капацитетите кои се користеле во минатите кризи со емигранти, дали истите можат да с е стават во употреба во случај да имаме бран бегалци.

Помошта што и е испратена на Украина е согласно капацитетите со кои располага Северна Македонија и ги исполнува украинските барања. Петровска уверува дека со оваа помош не се намалува капацитетот на Армијата на РСМ.