Првпат по 30 години независност, Северна Македонија отвора амбасада во Словачка.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговиот словачки колега, Иван Корчок, први влегоа во новото дипломатски претставништво. Кога ги виде канцелариите, словачкиот министер рече дека би сакал да биде амбасадор тука.
Но, зошто се чекаше 3 децении за отворање на оваа амбасада? Причините се од разна природа, вели за ТВ21 шефот на дипломатијата Бујар Османи.
„Има бројни причини зошто во минатото не е донесена ваква одлука, главно финансиски, имаше други приоритети, но јас сметав дека со Словачка создаваме посебно партнерство и дека една ваква амбасада ќе биде важна и за да ги опслужуваме граѓаните тука, и за да им помогнеме на бизнисите да комуницираат меѓу себе, и за да имаме поголема трговска размена, а меѓу другото и за да ги негуваме политичките односи кои се исклучително важни“, истакна Османи.
Амбасадата е отворено, но сѐ уште не се знае кој ќе биде делегиран за амбасадор. Во моментов в.д. амбасадор ќе биде Евгенија Илиева. Османи тврди дека за брзо време ќе има и други амбасадори и дипломати кои ќе бидам во служба на билатералните односи. Словачките министер вели дека за Северна Македонија вратите се секогаш отворени, посакувајќи да добиеме зелено светло за старт на преговорите со ЕУ.
„Забележавте напредок и заслужувате да направите уште еден чекор напред, а тоа е отворање на преговорите. Се надевам дека сите пречки наскоро ќе бидат отстранети, а кога велиме – наскоро, мислам на следната недела“, посочи Иван Корчок, министер за надворешни работи на Словачка.
-Амбасадата се наоѓа во стариот дел од Братислава, каде што се сместени многу други дипломатски претставништва. Дијаспората на Северна Македонија тука во Словачка брои околу 1.600 граѓани, кои веќе нема да мораат да патуваат во Виена за да добијат одредена дипломатска услуга, бидејќи тука ќе имаат поблиска амбасада. За ТВ21 од Братислава, Бесир Арифи.
