Македонија поразена од Ерменија, и го загуби првото место во Лигата на Нации (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонија остана без пласман во „Б“ сегменетот во Лигата на Нации, откако вечерва го запиша првиот пораз во групата. Ерменскиот национален тим беше подобар од македонскиот со голот на екс играчот на Вардар Хамбарѕумјан во 55. минута.

Македонија доминираше во првиот дел. Имаше три шанси, две преку Трајковски и една преку Тричковски, но не го најде патот до мрежата. Врати и Ерменија со две добри прилики кои Шишковски ги одбрани.

Продолжи доминацијата со посед на топка на Македонија и во вториот дел, но потоа по една акција која почна по левата страна, па се префрли кон средината и на десната страна, Хамбарѕумјан погоди со многу среќа.

До крајот Македонија се закани преку Трајковски, но не дојде до израмнување, кое ќе беше доволно за првото место во групата. Вака Ерменија се искачи на првото место и се пласираше во „Б“ сегментот.

Меѓутоа најважно е што Македонија пред неколку дена успеа да обезбеди пласман на Европско првенство, а останува да биде во Ц сегментот и во следното издание на Лигата на Нации.

Натпреварот со Ерменија се одигра во Никозија, Кипар, поради тоа што УЕФА им забрани на Ерменците да играат во Ереван поради конфликтот во Нагорно Карабах.

ФОТО: ФФМ