Македонија донесе одлука да прогласи петмина руски дипломати од амбасадата на Руската Федерација да ги прогласи за персона нон грата. За тоа утрово рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин беше повикан во Министерството за надворешни работи. Од МНР велат дека имаат информации за недозволени активности на дипломатите.
„Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата. Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, велат од МНР.
Но што ваквиот потег ќе значи за дипломатските односи, особено по фактот што Русија не стави во списокот на непријателски држави затоа што Македонија се приклучи кон санкциите што ги донесе Европската унија кон Русија. Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека ние како земја членка на НАТО ја зазедовме вистинската страна, а овој чин покажува дека тие лица имале разузнувачки дејства во нашата земја.
„Ако флагрантно се открие дека работат против интересите на нашата држава, против интересите на НАТО како алијанса тогаш тие се критериуми кои секаде се почитуваат и нема тука многу објаснувања. Јас знам дека спротивното е, така ќе постапи и руската дипломатија.
Според Рамадани ваквите дејства се најавени уште претходно кога рускиот амбасадор најавил дека ќе ги следи и евидентира сите што се против руската инвазија врз Украина“, вели Рамадани.
„Зависи сега како понатаму ќе се однесува самиот амбасадор, иако тој веќе даде изјава дека тие ги следат, прават списоци кој и како настапува во однос на војната во Украина. Ние во овој случај сме на вистинската страна, меѓутоа тоа не значи дека може да дојде време кога ќе се нормализираат односите и во однос на НАТО земјите и во однос на западните земји“, додава тој.
Ова не е прв пат Македонија да протерува руски дипломати. Минатата година беше донесена одлука двајца руски дипломати да ги прогласи за персона нон грата, едниот во мај, а вториот во август, по што тие мораа да ја напуштат земјава. И во двата случаи Русија реагираше реципрочно, односно беше донесена одлука за протерување на македонски дипломати.
