Цената на лебот во земјава ја надминува цената во некои европски градови. Па така во Лион можете да купите еден килограм багет за 85 денари, во Хамбург за 79 денари, а во Скопје 470 грама се продава за 52 денари, што значи килограм би бил 105 денари или колку во Милано.
И со цената на млекото „предничиме“. Битолско млеко не увезувано од домашно производство се продава по цена од 85 денари, а во Милано е 60 денари, во Хамбург 70 денари, во Лион пак можете да го купите по цена од 54 до 75 денари. Ако за килограм брашно во Милано ќе потрошите 46 денари, во Хамбург 27 денари, во Скопје треба да платите 54 денари.
Милано-1кг.багет (1.80 -110 денари до 2 евра или 120 денари)
Лион -1 кг Багет -1,40 евро- 85 денари
Хамбург -1кг. 79 денари
Скопје -470 грама Бел леб – 52 денари, 1 кг. -105 денари
МИЛАНО- 1л.млеко-0.99 -60 денари
ЛИОН -1 л. млеко-0.89 -1,23 или од 54 денари до 75 денари
ХАМБУРГ- 1л.млеко – 70 денари
СКОПЈЕ- 1 литар млеко -85 денари (домашно производство)
МИЛАНО-1 л. Зејтин 3 евра -180 денари
Хамбург – 1л. Зејтин од сончоглед -147 денари
СКОПЈЕ- 1л.зејтин-133 денари
МИЛАНО- 1 кг.брашно- 0.75 стотинки -46 денари
ХАМБУРГ- 1кг.брашно –0.45 или 27 денари
СКОПЈЕ- 1кг.брашно- 54 денари
МИЛАНО -макарони 1евро – 60 денари
СКОПЈЕ макарони од 47 па нагоре
Светска економска криза е, сите го чувствуваат зголемувањето на цените, но, едни го чувствуваат со просечна плата од околу 5000 евра до 7000 евра како Италија, Германија, Франција, а граѓаните на Македонија го чувствуваат со просечна плата од околу 500 евра, но со исти цени.
ПРОСЕЧНА ПЛАТА
ГЕРМАНИЈА околу 6.500 евра
ИТАЛИЈА околу 5.000 евра
МАКЕДОНИЈА околу 500 ЕВРА (31,812 заклучно со јули)
Од Сојуз на стопански комори велат дека секогаш го промовираат фер односот кон деловните партнери и потрошувачите и почитувањето на правната регулатива како одржливо решение за раст и развој на бизнисот.
„Цените на крајните производи се детерминирани од цените на производните инпути, а со оглед на моменеталната состојба со цените на енергенсите трендот на раст има глобална димензија. Кога се споредуваат цените на производите во различни држави треба да се земе предвид и дека цените на струјата во соседните земји и пошироко се сувенционирани од државата така што и нивниот удел во цената на крајниот производ е помал. Кога се во прашање цените на оносвните поризводи маржите се лимитирани што созадав јасни правила на игра“, велат од ССК.
Владата на 20 септември донесе Одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи. Бидејќи велат оттаму состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година. Засилени се и контролите од страна на инспекциските служби-велат од Влада.
„Согласно Одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на леб бел: сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.“, велат од Влада.
Од Сојуз на синдикати на Македонија пак велат без оправдани причини на почетокот на јуни оваа година Владата престанала да преговара со нив за бараните 2806 денари покачување кои се резултат на компромис со Владата. Согласно законот покачувањето изнесува 18 %.
„Работниците се дискриминирани и ставени во нееднаква положба , дел од нив добија усогласување на платите со Законот за минимална плата , а дел не го добија усогласувањето ,од тие причини ССМ поднесе тужба против државата во оваа насока пред домашните судови. Тужбата е поднесена на 2 .9.2022 година, првото рочиште се уште не е закажано. Очекуваме судот да биде на висината на задачата и да ја покаже својата стручност и непристрасност при одлучувањето.“.
Донесена е мерка за субвенционирана цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи од 80%. Минималната плата е зголемена 100 проценти, односно 18.000 денар, велат од Влада.
Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6.8%, со усогласувањето во месец септември. Околу 35.000 вработени во образованието, од кои 25.000 наставници и друг персонал добија зголемени плати . Со предлог – закон се врши зголемување на платите на сите даватели на услуги во установите за деца-детски градинки за 15%, со септемвриската плата- е одговорот на Влада на прашањето што превземаат за граѓаните полесно да ја надминат економската кризa.
