Македонија со пораз од фаворитот Франција го заврши СП

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската ракометна репрезентација со очекуван пораз од Франција, ги заврши настапите на Светското првенство кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Вечерва во Вараждин, Франција беше поуспешна со 32-25, и како првопласирана со максимален број на победи, Французите продолжуваат во 1/4 финалето.

Македонија имаше одличен старт на мечот, добро се носеше со фаворитот, кој во 8. минута доби и црвен картон поради груб старт, меѓутоа Французите на крајот од првиот дел ја оправдаа фаворитската улога, и на полувреме замина со 4 поени разлика, и покрај тоа што во еден миг водеа и шест гола разлика. Дел од предноста се должи и на промашените пенали на нашата репрезентација.

Во вториот дел главно се играше гол за гол. Македонија добро парираше на Французите во првата половина од вториот дел, но Франција на крајот ги казни грешките на избраниците на Кире Лазаров, за да дојде до највисоките +7 на крајот и со тој резултат да го добие мечот.

Дика Мем со осум гола беше незарпирлив, додека кај Македонија Кузмановски постигна исто толку.

Македонија заврши на четвртото место на табелата во Главната фаза. Го завршија Мундијалот со два порази (Франција и Холандија), две победи (Катар и Гвинеја) и две ремија (Унгарија и Австрија).