Македонија тагува: Во тешка сообраќајка загина млад кошаркар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Растурена свадба и затворен ресторан во Тетово

Во Тетово вечерва е затворен хотел и растурена е свадба, јавуваат од Државниот пазарен инспекторат, пренесува „Плус Инфо“. Полицијата го...

Коневски: Му посакуваме на Мицкоски што побрзо да оздрави и потоа да даде отчет пред делегатите

Екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го повика сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да даде отчет за сработеното...

Во хеликоптерска несреќа загина пратеникот Оливие Дасо, еден од најбогатите Французи

Шеесет и деветгодишниот француски милијардер, најстар син на Серж и внук на Марсел Дасо, денеска загина во хеликоптерска несреќа....

Четири силни експлозии во Екваторијална Гвинеја, причините непознати (ВИДЕО)

Градот Бата во Екваторијална Гвинеја денеска беше потресен од четири силни експлозии, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на локалните...

Во Лион се евакуирани 4.500 жители поради бомба од Втората светска војна

Бомба од 230 килограми со 150 килограми експлозивно полнење е пронајдена во 9-от арондисман на Лион на градилиште за...

Во тешката сообраќајна несреќа која се случила вчера нешто по полноќ на патот Стар Дојран и Нов Дојран, починал младиот кошаркар Иван Пенов.

„На 20.02.2021 во 00,50 часот било пријавено дека на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.М.(20) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот. Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот И.П.(19) од Гевгелија, а со повреди се здобиле И.М. и сопатникот В.С.(19) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија.“

Пенов настапуваше во младинските категории за Кожув, но беше регистриран и за сениорскиот тим на прволигашот од југот на земјава во нивната 2020/21 кампања.

Од кошаркарскиот клуб Кожув на својот Фејсбук профил ја потврдуваат веста и упатуваат длабоко сочувство до фамилијата и најблиските.