Младата македонска фудбалска репрезентација до 19 години беше поразена од Словенија со 3:1 во првиот контролен натпревар одигран во Струмица.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски рано влегоа во негатива, откако Флоријан Межнар погоди во 26. минута, а само пет минути подоцна Денис Виденовиќ зголеми на 2:0 за Словенците.
Македонија успеа да намали преку Иво Марковски во 42. минута, но конечните 3:1 ги постави Тилен Летоња со погодок во 74. минута.
Вториот контролен натпревар меѓу двете селекции ќе се одигра в четврток во Струмица.
