Македонската репрезентација претрпе убедлив пораз од 4-0 на пријателскиот натпревар против Турција одигран вечерва во Истанбул. Турците успеаја да слават на првиот „тест“ пред нивниот настап на Светското првенство, додека за Македонија ова беше последна контрола пред натпреварите во Лигата на Нации во септември.
Уште во 2. минута Турција поведе. Ајдин од десната страна проби и додаде до Кокчу, кој од прва го совлада Димитриевски.
Следуваше шансата на Атанасов за Македонија, но неговиот удар заврши само крај голот.
Во 16. минута веќе беше 2-0 за Турција. Џан Узун одкосо од лево успеа да упати удар, кој заврши во мрежата на Димитриевски и така во удвои водството за Турците.
Во финишот од првиот дел Алиоски не искористи одлична можност да дојде до намалување.
Во второто полвуреме иста слика. Турција нападна и во 53. минута преку Гул успеа да дојде до 3-0. Во продолжението од средбата погоди и Јилмаз после една одлична акција меѓу Гулер и Кавечи за конечни 4-0.
