Македонската фудбалска репрезентација вечерва во 20:45 часот гостува на големиот фаворит, не само во квалификациската група, туку и во идниот Мундијал во Катар, селекцијата на Германија.
Се освен победа на Германците би било огромна сензација во Европа.
Германија од 2001 година, или цели 20 години, нема пораз во квалификациите за Светско првенство, кога последен пат загубија од Англија.
Македонија ќе игра без Илија Несторовски, кој беше ослободен од обврските после натпреварот со Лихтенштајн, по неговиот потег при постигнувањето на голот.
Македонија има една победа над Лихтенштајн, и еден пораз од Романија во првите две кола од квалификацискиот циклус.
