Македонија во жолта алертна фаза: Врнежи од снег и мраз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег, претпадне со послаб, а попладне и во текот на ноќта со умерен интензитет.

Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, особено во планинските региони и во западните делови, а долж Повардарието на места ќе се формира помала снежна покривка.

Силниот ветер со брзина над 80 км/час ќе предизвика појава на снежни наноси.

Времето утре, претпладне на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица. Ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси.