Македонската фудбалска репрезентација со напредок од три места на листата на ФИФА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската фубдалска репрезентација напредуваше три места на најновата листа на ФИФА, објавена денеска, и сега е 62-ра светска селекција.

Овој напредок е благодарение на победата над репрезентацијата на Германија, а претходно Македонија го совлада и Лихтенштајн.

Напредокот ќе беше уште подобар, ако Македонија останеше непоразена во дуелот со Романија во првиот меч од квалификациите.

Македонија во моментов има 1374 поени на листата.

Интересен е фактот што и Германија напредуваше за едно место, и сега е на 12. место на листата, иако беше поразена од македонската репрезентација со 1:2, што беше прв пораз по 20 години во квалификации за СП.

🤩 𝕋𝕙𝕚𝕤 𝕥𝕖𝕒𝕞 🤩

#Македонија напредуваше за три позиции и сега е на 𝟞𝟚. место на најдобри светски репрезентации! @fifarankings

#НапредМакедонија | #СегаЕНашеВреме

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Wednesday, April 7, 2021