Македонската кошарка во тага – ненадејно почина делегатот Ерхан Ќахил – Еко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кошаркарската федерација на Македонија објави тажна вест. Ненадејно почина Ерхан Ќахил – Еко, кошаркарски делегат на сениорски и младински натпревари.

Големиот љубител на спортот ќе биде запомнет како скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

„Изгубивме скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе…

Изразуваме длабоко сочувство на семејството, пријателите и колегите, нека почива во мир и вечен спомен…“, објавија од судиската комисија на Кошаркарската федерација.