Македонската женска репрезентација го совлада Исланд и си го отвори патот кон баражот за СП

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската женска ракометна репрезентација со победа ги отвори квалификациите за бараж за СП во Шпанија, откако го совлада Исланд со 24-17 (12-8), со што е блиску до местото во баражот за Мундијалот.

Неверојатна партија имаше Сара Ристовска која постигна 11 голови, зад неа Елена Ѓорѓиевска запиша шест гола. Придонес во победата даде и голманката Матеја Серафимов со 9 одбрани.

И покрај лошиот старт на мечот, и предноста на Исланд од 7:2, нашите ракометарки имаа неверојатна серија од 9:1, за 11:8 на полувремето.

Во вториот дел Исланд само создаде проблеми на стартот откако по 5:1 го врати водството. Потоа следуваше „експлозија“ на Македонија за конечни 24:17.

Утре против Литванија ќе се оди на победа за дефинитивно обезбедување на место во баражот за СП.

ФОТО: Спортмедиа