Македонски енергетски форум – Мицкоски: Енергетската ефикасност приоритет на идната Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воспоставувањето енергетска сигурност и безбедност во регионот  беше темата на седмиот Македонски енергетски форум. Мандатарот Христијан Мицкоски рече дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната Влада, при што најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш. Посочи дека по завршувањето на грчко-македонскиот гасовод се потребни поврзувања и со други интерконектори.

Поврзувањето или интерконтекторот помеѓу македонскиот и грчкиот гасовод нема да ја комплетира сликата доколку не додадеме дополнителни интерконектори кои што ќе ги поврзува македонскиот со српскиот гасовод и тоа до Централна Европа и Централно-Источна Европа ќе донесе дополнителни гасоводи кои што понатаму ќе водат кон други пазари на дополнителни извори на гас“, вели Христијан Мицкоски.

Американската амбасадорка Анџела Агелер  порача дека Македонија закрепна од енергетската криза, но дека повторно престојат предизвици. Таа истакна и дека Македонија треба што поскоро да го заврши грчко-македонскиот гасовод да се надмине зависноста од Русија и заканите за повторна криза.

За да се обезбеди енергетската иднина потребни се дополнителни иновации и напредок на бројни проекти, вклучувајќи го и завршувањето на грчко-македонскиот гасовод. Овој дополнителен извор на природен гас треба да ја надмине зависноста од Русија и заканите од на одредени прекини во снабдувањето. Со интерконекторот Северна Македонија исто така ќе изгради централи со погон на гас што ќе го намали загадувањето и ќе ја помогне транзицијата на земјата од јаглен кон други извори“, вели Анџела Агелер

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека Македонија треба итно да ги усогласи најновите ЕУ стандарди и легислативи за енергетска ефикасност. Како земја со многу природни ресурси, тој рече и дека фокусот треба да се насочи кон обновливи извори на енергија.

Северна Македонија е надарена со многу природни ресурси како ветер, вода и сонце и има огромен потенцијал да добие енергија од овие обновливи извори. Добро е да се види дека примената на обновливите извори е голема и се зголемува секоја година. Неопходно е да се одржува овој тренд и да се креираат потребни услови за инвестирање. Минатата недела се отвори ветерниот парк Богословец првата приватна инвестиција во ветерна енергија во земјава, поддржана од Европската унија“, вели Дејвид Гир.

Учесниците на Форумот дебатираа и за прашањата на воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, трансформација на енергетската инфраструктура, за еколошката одржливост, технологијата и иновациите, како и за реформите кон зелена транзиција.