Градскиот плоштад во Берово денеска се претвори во изложбен простор за ретки и класични автомобили, во рамки на петтото јубилејно издание на манифестацијата „Classic Car Tour ’26 – Spa, Wine & Mountain“.
Настанот собра љубители на олдтајмери и автомобилската традиција, а покрај изложбата, посетителите имаа можност да уживаат и во музичка програма.
Манифестацијата официјално ја отвори градоначалникот, кој им се заблагодари на организаторите за посветеноста и за вклучувањето на Берово во оваа автомобилска турнеја.
Ружински нагласи дека ваквите настани имаат значајна улога во промоцијата на локалните вредности, развојот на туризмот и привлекувањето посетители од земјата и странство.
Со спојот на автомобилската историја, музиката и природните убавини, манифестацијата придонесува за афирмација на Берово и Малешевијата како атрактивна туристичка дестинација.
