Два натпревара од Првата македонска фудбалска лига се одиграа попладнево и на двата славеа гостинските екипи.
Прво Струга ТЛ го победи тимот на Шкендија Арачиново со 2:0, а предмалку Вардар во Штип до трите бода стигна по минималните 1:0.
И утре (18 октомври) н араспоредот се две средби:
Башкими – Силекс
Скопје – Шкендија.
Колото ќе биде заокружено в понеделник со натпреварот меѓу Арсими и Тиквеш.
Пласман на табелата пред преостанатите три средби од десеттата рунда во ПМФЛ: Струга 20 бода, Шкендија 20, Вардар 20, Тиквеш 16, Шкендија Арачиново 14, Силекс 10, Брегалница 10, Арсими 9, Башкими 7, Скопје 3.
