Претседателот Стево Пендаровски “поцрвене“ пред пофалбите од директорката на Институтот за македонски јазик за неговите јасни изјави. Конкретен требаше да биде и овој пат кога зборуваше пред лингвистите, на 75 годишнината од стандардизацијата на македонскиот јазик кого го оспорува Бугарија, нарекувајќи го свој дијалект.
Претседателот чувствува жалење што и по 75 годни од стандардизацијата, македонскиот јазик се уште се наоѓа пред предизвикот за докажување на својата посебност и постоење.
Бугарското оспорување на јазикот, директорката на Институтот за македонски јазик го нарече измислено прашање и како истражувачи веќе не им паѓана памет да губат време и енергија со објаснувања кои веќе ги дале.
Во ЕУ секој има право на свој мајчин јазик и самоопределување вели Јованова – Грујовска, затоа тврди дека спорот меѓу Скопје и Софија нема да биде пречка за евро – интеграциите.
И иако јазикот се брани со упорност, пред неколку дена вицепремиерот Никола Димитров рече дека “ок е“ да не започнат преговорите со ЕУ доколку станува збор за македонскиот јазик. Институтот за македонски јазик останува без истражувачи.
Македонскиот јазик стана официјален јазик во Македонија на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944. Во ’45 се заокружи кодификацијата на современиот јазик.
