Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил објави дека македонскиот медицински тим во Авганистан добил медали за успешното извршување на мисијата.
„Нашиот медицински тим во Авганистан доби медали за успешното извршување на мисијата. Тие се на пат за дома и наскоро ќе бидат со своите најблиски. Атанас, Мартин, Виолета, Александар, Аница – не’ направивте горди! Северна Македонија и Норвешка уште еднаш покажаа дека географската оддалеченост некогаш може да значи и блискост“, посочува Шекеринска.
