Македонските ракометари вечер против Шведска ќе го имаат првиот настап на СП 2021

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската ракометна репрезентација вечер од 20:30 часот ќе се сретне со Шведска во 1. коло од Г-групата на Светското првенство во Египет.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац право за настап на Мундијалот добија по откажувањето на чешката репрезентација и во Каиро пристигнаа на само еден ден пред натпреварот. Сепак, од таборот на нашата репрезентација се најавува максимална борба против фаворизираниот противник.

За „црвено-жолтите“ ова ќе биде седмо Светско првенство на кое ќе се претстават во подмладен состав, но тука ќе биде капитенот и најдобар македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров.

За да се помине групата во која ќе бидат уште домаќинот Египет и Чиле, најверојатно доволна ќе биде само една победа.

На првиот меч одигран вчеравечер Египет го победи Чиле со 35:29.