Макрон ја поздрави подготвеноста на Зеленски да го обнови дијалогот со Трамп!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ја поздрави подготвеноста на неговиот колега од Украина, Володимир Зеленски да го обнови дијалогот со САД.

Тој веќе телефонски разговарал со Зеленски и со американскиот претседател Доналд Трамп, и ја потврдил решеноста на Франција да работи со сите заинтересирани страни за да постигне стабилен и траен мир во Украина.

„Им наредив на министерот за одбрана на Украина, шефот на разузнавањето и дипломатите да контактираат со своите колеги во САД и да добијат официјална информација“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.