Макрон најави повлекување од политиката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема да остане во политиката по завршувањето на неговиот втор мандат во 2027 година, што е максималниот број дозволени мандати во Франција.

„Не бев вклучен во политиката пред да бидам претседател и нема да бидам вклучен во неа потоа“, рече Макрон во четврток во Никозија, каде што беше примен од Никос Христодулидес, шеф на администрацијата на кипарските Грци, која моментално претседава со ЕУ, јавува агенцијата АА.

Зборувајќи за предизвиците од неговиот последен мандат, Макрон рече: „Најтешкото нешто по девет години е што мора да го задржите она што сте го направиле добро и да се обидете да продолжите понатаму, но понекогаш мора да се вратите на работите што не сте ги направиле добро“.

Тој додаде дека балансирањето на достигнувањата со недовршените реформи бил најтешкиот дел од неговиот последен мандат.