Општините во Македонија се сиромашни и во долгови. Тие добиваат средства од централната власт колку да ги покријат трошоците а последниве години значително е опадната наплатата на даноците од граѓаните поради пандемијата и финансиската криза. Токму поради тоа градоначалниците на Тетово, Гостивар, Куманово и Кавадарци дискутирале како да ги мотивираат граѓаните да плаќаат данок.
„Од денеска ќе започнеме кампања за сензибилизација на граѓаните, почнувајќи од вработени во Општина Гостивар, градоначалникот и сите други лица за да плаќаат што повеќе даноци бидејќи плаќањето на даноците се и инвестиција во општината каде живееме. Мислам дека општинските приходи се плаќањето даноци и мислам дека повеќето граѓани се подготвени да плаќаат“, вели Таравари.
Според градоначалникот на Куманово, процентот што го плаќаат граѓаните за данок на имот е многу мал, тие добиваат само 0,1%.
Според Касами дискусијата меѓу градоначалниците е искуство за него, а смета дека и во Тетово процентот на наплата на данок на имот е низок.
„Да го споделиме искуството од општина Тетово во однос на механизмите што ги имаме на располагање за што поефикасно собирање општински даноци но и други елементи од оваа област што се однесува до довербата што треба да ја вратиме кај граѓаните кон локалната власт и реализација на инфраструктури проекти, верувам дека свеста кај граѓаните ќе се зголеми и за плаќањето и за обврските кои ги имаат кон општината“, вели Касами.
Димитриевски ја презеде о. Куманово со 11 милиони евра долг, а сега општина Куманово нема веќе долгови. Општина Гостивар има 5 милиони евра долг, а о. Тетово над 14 милиони евра. Во полошкиот регион данок на имот плаќаат околу 20 отсто од граѓание.
