На 10 километри од Скопје, во планински предел, се наоѓа селото Грчец, кое според пописот во 2001 година има само еден жител, но сега крие многу тајни. Акцијата која ја спроведуваше полицијата и обвинителството го носи името „Планина“, токму поради неговата местоположбата.
4 часот наутро. Во Грчец се подготвени и знаат дека полицијата ќе упадне, па претходно дрогата ја пренеле на безбедни локации, а пет нарко-босови се вдале во бегство. Сепак се извршиле претреси на 26 локации.
„Според посебните истражни мерки кои денеска завршуваат, а се однесуваат на овие 5 одосно 6 лица по кои се трага, имаме сознанија дека акцијата во село Грчец е пробиена и од тие причини и таму каде што имавме сознанија каде се чува дрогата, беше се исчистено, така што не успеаа приапдниците на полицијата и инспекторите да пронајдат поголема количина.“, вели Русковска.
На 15 километри воздушна линија, во Гази Баба во исто време полицијата врши претреси на 9 локации. Обвинителството нема докази дека двете групи соработувале, но вели дека докази имаат за секој поединечно.
„Од двете групи одземени се повеќе од 80.000 евра повеќе од 300.000 денари, 500 франци. Што се однесува до пронајдената наркотична дрога, не можам точно да ви кажам, ќе ви кажам околу бидејќи се уште не се изготвени вештачењата, каде ќе се знае точната количина според вештачења. Пронајдена е околу 5 килограми марихуана, и некаде меѓу 600-700 грама кокаин.“, вели Русковска.
Бидејќи биле прислушувани и следени физички, истражителите знаеле дека голема количина на дрога нема да најдат, но додаваат дека имаат други докази за тоа.
Најголем дел од дрогата е пронајдена во Гази Баба, а малку во Грчец. Одземени се и три возила, но најлуксузните на водачите не се пронајдени, само на дел од нив пронајдени се клучевите.
На прашање на ТВ21, обвинителката Вилма Русковска одговори што се презема за да се пронајдат нарко-босовите.
„Е побарано од надлежните полициски станици да ни достават известување дали овие лица се достапни или не. Доколку добиеме одговор, дека се недостапни, тогаш ќе бараме од судија на претходна постапка на истите да им изрече мерка притвор во отсуство и по истите ќе биде распишана домашна и меѓународна потерница.“, изјави Русковска.
Од Грчец, лишени од слобода се 13 лица, 9 завршија во притвор, 3 во куќен притвор и за едно лице определени се мерки на претпазливост. Во акцијата приведен е и еден малолетник за кој ќе се процесира посебно. Од Гази Баба во притвор завршија 8 лица, а по едно се трага.
