Маричиќ на министерски форум ЕУ-Западен Балкан: Неопходна е брза дигитализација на судството за да продолжат постапките и во време на пандемија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Укината забраната за тешки моторни возила за „Стража“

АМСМ соопшти дека од 15:50 часот е укината забраната за движење на тешки возила на превојот „Стража“. Беше воведена...

Во населено место со 120 километри на час! Секоја недела по една сообраќајка на „улицата на смртта“ во Тетово

Секоја недела по една сообраќајна несреќа. Ова е црната статистика за 2020 година на улицата „Видое Смилевски Бато“ или...

ДСЗИ постапува според надлежностите во врска со случајот со д-р Асани

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот...

Случај „ТНТ“: Одбраната бара изземање на обвинителот Бурим Рустеми

Одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, на денешното рочиште побара...

Дали Заев мисли да го смени Касами со Гаши? Зејди ја кажа желбата на СДСМ, Хоџа не се плаши од ваквите информации

СДСМ сака да ја земе Алтернативата во Владата и да ја отстрани Беса, изјави во Клик Плус, генералниот секретар...

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска учествуваше на ЕУ – Западен Балкан министерскиот форум за правда и внатрешни работи, во организација на германското претседателство со Советот на ЕУ кој се одржа онлајн.

На форумот, покрај министрите, учествуваа и еврокомесарите за проширување, правда и внатрешни работи, Оливер Вархеји, Дидие Ренедерс и Илва Јохансон. Со него претседаваше германската министерка за правда Кристина Ламбрехт.

Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за правда, Маричиќ истакнал дека поради пандемијата со Ковид – 19, потребата за забрзана дигитализација на правосудниот систем е значајна како никогаш досега, како за реформите во правосудството, така и за ефикасното постапување по случаите од страна на судските институции.

Со еврокомесарите и министрите од регионот, министерот ги споделил предизвиците со кои се соочија нашите судови и обвинителства, како и дејствијата што беа преземени за ублажување на влијанието на пандемијата врз тековните постапки за време на вонредната состојба.

-Без никакви одложувања, Владата донесе Уредба со законска сила за роковите во судските постапки за периодот на вонредната состојба. Со оваа Уредба, се запреа роковите за поднесување тужби во парнична постапка, кривични постапки и управни спорови, како и роковите за поднесување редовни и вонредни правни лекови за време на вонредната состојба, потенцирал Маричиќ.

Воедно, образложил дека за заштитата на судиите и странките во постапката, Судскиот совет постапил навремено со донесувањето на Одлуката за работата на судовите во услови на пандемија. Со одлуката е утврдено кои случаи ќе се сметаат за итни и приоритетни за постапување, како и начинот на заштита при влегување во судот, дезинфекција на судот и друго. Случаите што не биле итни, се воделе единствено доколку немало ризик по здравјето на кој било од учесниците во постапката.

-За прв пат во Северна Македонија онлајн судењето беше спроведено од страна на судот во Кавадарци. Ова го сметаме за позитивен исход и пример што дополнително ќе поттикне употреба на дигитални алатки како современ начин на комуникација помеѓу судовите и странките, истакнал Маричиќ, кој навел и други позитивни примери со кои се покажало дека системот е применлив за сите видови кривични постапки со целосна гаранција од секаков вид на злоупотреба.

Со цел да се надминат идентификуваните слабости, Маричиќ нагласил дека ќе биде многу важно во претстојниот период да се зајакне правната рамка во врска со електронското водење на судските постапки.

-Ние исто така ја разгледуваме потребата за понатамошни подобрувања на релевантните процесни закони, со цел да се овозможи ефикасно продолжување на судските постапка за време на пандемијата, рекол министерот.

За соодветно и непречено функционирање на правосудството за време на пандемија или слични ситуации, Маричиќ подвлекол дека е потребна целосна дигитализација на случаите и интероперабилност помеѓу судовите, со што значително ќе се зголеми ефикасноста на судовите и ќе ги забрза судските постапки од една страна, а ќе ја намали потребата за физичко присуство од друга страна.