Маричиќ: Не се откажуваме од европскиот пат – ќе биде ли загрозен Преспанскиот договор во јуни?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како би се бранел кредибилитетот на Европската Унија и аспирацијата да се биде дел од ЕУ доколку во јуни не добиеме почеток на преговорите со ЕУ? На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој посочи дека би дал посериозни предлози некаде кон крајот на јуни.

„Ние од патот кон ЕУ нема да се откажеме
Но, она што е сигурно дека ние од европскиот пат нема да се откажеме и не можеме да се откажеме. Никогаш не ни било лесно, тежок ни беше патот и до тука, тежок ни беше патот и до членството во НАТО да не заборавиме. Тоа не значи дека треба да се откажеме од нашиот европски пат и дека не треба да продолжиме конструктивно да работие на тоа“ вели Маричиќ.

Посочи дека притисокот или желбата на САД и Европската Унија оди во насока на тоа дека нема време за чекање. Тој додава дека досега не може да каже дека имало притисок за било кое клучно прашање што ни е важно.

„Притисокот на ЕУ и САД оди во насока на тоа дека нема веќе време за чекање
-Чекањето не може да донесе ништо добро, што е точно, и чекањето не може да ја подобри ситуацијата или условите за договор“ вели тој.

За Мариќиќ ова е многу опасна теза.

-Ако тврдиме дека Преспанскиот договор е направен без да предизвика резултати бидејќи тоа не одговара на вистината. Ние откако го направивме Преспанскиот договор ни се отворија многу врати. Прво ни се отвори вратата за членство во НАТО, а ако некој се обиде да релативизира и да каже ‘па што е важно дали сме членка на НАТО или не’ јас би одговорил со едно многу просто прашање ‘ако не е важно зошто Финска и Шведска бараат да бидат членки на НАТО?’ Зошто такви развиени држави кои што се пример/модел за многу прашања, би барале да бидат членки на НАТО, веми Маричиќ.

Почнувањето на преговори е стратешки интерес за Европската Унија, не само за нас вели Маричиќ.