„Масакр“ на планината кај Јаболчиште – жителите бараат веднаш да запре сечата на дрвја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова се жителите на село долно Јаболчиште.

Се собраа во знак на протест поради проблемот што го имаат.

Некој ја сече шумата над селото.

„И селото го оштетуваат, и здравјето на сите нас, нема да имаме вода. Ако ја исечат и оваа планина, ние вода ќе немаме, шумата се сече заради интересот на две или три лица“, вели жител.

„Оваа планина ни останува нам, оваа страна ја имаат сечено, водата ќе ни ја земат ако сечат и кај тој дел, после ќе треба од друго место да земаме и вода и дрва“, додава жител.

Тргнавме кон внатрешноста на планината за да го видиме масакрот што и се нанесува на природата. Поради неприлагодениот пат, таму може да се стигне само по автопат.

Требаа 2 часа да се искачиме таму горе, а по патот се гледаше зеленилото кое го опколува селото Јаболчиште.

Потоа стигнавме до местото каде се сечат дрвјата.

Пресечени дрвја и оставени настрана од патор.

На едно малку пооддалечено место, дрвјата беа пресечени овие денови.

„Сега, има една недела како се пресечени овие дрвја и сакаат да ни ја пресечат цела планина. Сега продолжува оваа траса за да се отвори улицата овде и потоа ќе се сечат уште повеќе. Како што може да се види ова овде е приватен имот, но не се знае точно чиј е, и овде влегле, на приватен имот“, посочи жител.

ТВ21 контактираше со градоначалникот на општина Чашка, тој вели дека побарал од Владата и институциите помош за спречување на сечата на шумата во тој дел, но вели дека до денес ништо не е преземено.