Маск стана втор најбогат човек во светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Каде се одговорите на Груби до Меџити? Груби вели дека ги доставил, Собранието и Меџити го велат спротивното

Помина рокот од 20 дена за одговор на првиот вицепремиер Артан Груби на прашањата на неговиот сопартиец Изет Меџити...

Банкарската регулатива проблем за граѓаните? На македонскиот пазар има место за финансиските друштва

Пристапот на граѓаните за подигање на кредити од Банките отежнат. Причината лежи во банкарската регулатива и незаинтересираноста на банките...

Филипче прв ќе се вакцинира, земјата уште ги чека вакцините од Србија

Ниту денеска не пристигнаа вакцините од Србија. Се уште не е подготвена потребната документација за транспорт на вакцините изјави...

ЕУ и НАТО со честитки за претседателот Бајден

Лидерите на ЕУ и НАТО го поздравија денеска официјалното стапување на должност на новиот претседател на САД Џо Бајден...

Каков студент бил актуелниот министер за финансии, открива неговиот професор и екс-министер Славески

„Бесими беше одличен студент“, вели екс министерот за финансии Трајко Славески во „21МИНУТА“ на ТВ21 за сегашниот министер Фатмир...

Американскиот претприемач Илон Маск го престигна основачот на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс и, сега тој е втор најбогат човек на планетава. Неговото вкупно богатство изнесува 127,9 милијарди долари, покажува листата на милијардери на Блумберг, објавен вчера.

Благодарение на акциите на производителот на електромобили Тесла, што се накачија за 6,5 отсто, богатството на Маск за еден ден се зголеми за 7,2 милијарди долари. Од почетокот на годината, 49-годишникот е побогат за 100,3 милијарди долари.

Индексот на милијардери во Блумберг е дневно рангирање на најбогатите луѓе во светот. Со богатство од околу 182 милијарди долари, сопственикот на Амазон, Џеф Безос е на врвот на тој список.

Во меѓувреме, Гејтс неодамна стигна до 127,7 милијарди долари. Неговото богатство би било значително поголемо доколку тој не донира пари.

Сепак, Блумберг во своите проценки корист јавно достапни податоци, како што се акции, недвижнини, уметнички дела и други луксузни добра, освен паричните средства. За споредба, на списокот на милијардери на Форбс, Маск е на четвртото место со богатство од 110,5 милијарди долари.