„Маска не се препорачува да се носи на отворено“. Ова е дел од видео то објавено на 4 април каде Министерството за здравство промовираше видео каде се вели дека носењето на маски на отворено не е потребно.
За ова и министерот Филипче постојано повторуваше дека нема потреба од носење на маски на отворено дотолку може да се држи дистанца.
„Ова се однесува на затворен простор а на отворен простор, тогаш кога не може да се одржи дистанца од два метри“, рече Филипче
Мерката носење маска на отворењо, само четворица гости во еден дом, се предложените мерки кои, преку законски измени во Собранието би требало да стапат на сила доколку бројот на заразени расте.
„За да може ова да се спроведе и за да може институциите да го контролираат и ако не се спроведува да се санксионира, мора да се направи законска измена. Најбрз начин е да се интервенира амандмански во законот за заштита на населението од заразни болести кој што веќе е во собраниска процедура за ради друга промена која што ја вметнавме“, вели Филипче.
Директорот на Институтот за Јавно здравје Шабан Мемети вели дека маската на отворено е задолжителна затоа што граѓаните не го почитуваат растојанието на отворено.
„Употребата на маската на отворено има свои специфики, ако еден човек е сам нормално дека не е загрозен од некого за трансмисија на вирусот“, вели Мемети.
Граѓаните со поделени ставови.
„Доколку имаме близок контакт тогаш треба да носиме маска. На отворено сметам дека е претерано. Но за наша сигурност подобро е да се носи“.
„Мислам дека треба, самите се заштитуваме ја заштитуваме и целата фамилија дома“.
„Во слободно движење, но сепак дистанца да се одржува мислам дека не е загрозувачки фактор“.
„Не излегуваме без маски. И кога сте на отворено? Секаде и ѓубре кога фрлам маска ставам“.
Уредбата за задолжително носење маски, марами или шалови надвор од домот е објавена во „Службен весник“ со број 107 од 22 април 2020 година. Уредбата ќе се дополнува и ќе се додадат мерките за гостување само на 4 лица, носење на маски на отворењо, забранети собири по 22 часот.
