Најмалку седум деца беа повредени откако Јапонецот Јазава Јуки (28) намерно се забил со својот автомобил во толпа ученици кои се враќале дома од училиште во јапонскиот главниот град Токио, објави „Сан“ .
Јуки е уапсен под сомнение за обид за убиство, а неговото признание ја замрзнува крвта во вените.
„Ми беше преку глава од сè, па се обидов да убијам некого. Прегазив неколку ученици од основно училиште со мојот автомобил“, рече возачот.
Повредените деца се свесни, но едно девојче има сериозни повреди и скршена долна вилица. Другите имаат полесни повреди како гребнатини и посекотини.
Мотивот за ужасниот напад сè уште се истражува, но Јазава не покажа каење.
