Маските се враќаат во Скопје – нападнат претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини попладнево бил физички нападнат од неколку маскирани лица.

Како што дознава ТВ21, Сејдини бил нападнат од три маскирани лица додека се поздравувал со пријателите во ресторанот „Балканика“ во Скопје.

Сејдини моментално е во Полициската станица во Карпош каде е на распит, додека Судот ги проверува безбедносните камери за да ги идентификува напаѓачите.

ТВ21 побара официјална информација и од МВР, но засега нема одговор.