Масовни протести во Русија, уапсени над 1.000 лица, полицијата употребуваше и пендреци (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над 1.000 лица се уапсени на денешните протести во Русија, преку кои се повикуваше на ослободување на Алексеј Навални. Најмасовни беа во Москва, каде што полицајците мораа да употребат и пендреци за да ја растераат толпата.

Русија ја обвини американската амбасада во Москва дека објавувала маршрути за планираните денешни протести во поддршка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и побара објаснување од американските дипломати.

– Амбасадата на САД во Москва вчера објави „протестни рути“ во руските градови и прошири информации за „маршот кон Кремљ“, напиша на Фејсбук портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, додавајќи дека „американските колеги ќе треба да дадат објаснување“.

Во Екатеринбург полицајците беа гаѓани со снег од страна на демонстрантите.

Претходно беше објавено дека во протестите била приведена сопругата на Алексеј Навални.