Масовно труење со печурки во БИХ – 23 лица побарале помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради компликации предизвикани од труење со печурки, во изминатите три дена лекарска помош во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Тузла побарале 23 пациенти, од кои тројца се задржани на болничко лекување.

Сите лица кои побарале помош, биле од кантонот Тузла. Посочија дека по укажаната лекарска помош 20 се упатени на домашно лекување, додека тројца се задржани во болница поради потешка клиничка слика. Никој од нив не е во животна опасност.

Симптоми на труење со печурки се гадење, болки во стомакот, повраќање, дијареа, дезориентација, вртоглавица и губење на свеста. Во некои случаи на труење, овие симптоми се појавуваат по половина час, а зависат од видот на печурките што се консумирале.

Многу поопасни се труењата кои се манифестираат по подолго време, бидејќи отровите веќе нанеле непоправлива штета во организмот, пред да бидат исфрлени со повраќање или дијареа, а при вакви труења не е исклучена и смрт.