По 7 недели, Синдикатот на Управата за водење матични книги, го одложи штрајкот. Од утре се враќаат во своите канцеларии и продолжуваат со работа со што ќе им бидат повторно на услуга на граѓаните, бидејќи Управата и Синдикатот потпишаа колективен договор за подобрување на правата на вработените. Меѓутоа оваа година не се предвидува покачување на платите за 30% како што беше побарано, рече директорот на Матични служби, Блерим Абази.
Штрајкот не е откажан туку се одложува до 20 јули, бидејќи има уште еден нерешен дел од финансиски аспект, значи за покачување на платите за 30%, нешто што го бараме од почетокот на преговорите, рече претседателот на независниот синдикат за водење матични книги.
Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикати рече дека се надева Владата дека ќе ги исполни сите нивни барања.
Доколку до 20 јули не се прифатат барањата за повисоки плати, синдикалците велат дека може да се реактивизира штрајкот или незадоволството ќе го изразат на друг начин. На прашањето за грешките и пропустите што се прават во изводите на родени, Милошески вели дека граѓаните се тие кои прават пропусти при давање податоци.
