Матичарите и правда се договорија, штрајкот продолжува протестот се одложува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Матичарите и претставници од Министерството за правда утрово се договорија и го прецизираа новиот колективен договор со што најавениот протест за денеска се одложува.


„Начелно оној дел којшто е правен дел конечно најдовме разбирање за колективниот договор и сега останува она што е најважното процентот, колективниот договор уште утре рано се надевам ќе биде доставен до Министерство за финансии и очекуваме од нив брза реакција да одговорат во делот за финансии“, вели Марјан Ристески претседател на КСОМ

Со оглед на тоа дека има вработени во матичните служби што земаат 14.800 денари плата, прифатено им е барањето да се усогласат платите во матичните служби со Законот за минимална плата и скалесто покачување на сите останати.


„За тие што венчаваат неделите им беа плаќани саботите не, управата го прифати тоа и сабота да им се плаќа, К-15 беше прифатено 60% од просечната плата на ниво на држава и јубилејните нагаради“, вели Тони Милошески претседател на синдикатот на управата за водење матични книги.

Платите за овој месец се усогласени со минималната плата, но штрајкот продолжува се до додека не добијат одговор од Министерството за финансии за реализација на новиот колективен договор. Доколку Министерство за финансии нема брз и позитивен одговор протестите ќе продолжат следната недела пред оваа институција.